Трае реконструкцијата на Домот на занаетчии

До средината на декември нов внатрешен лик треба да добие најзначајната градба, Домот на занаетчии, која се наоѓа на Градскиот плоштад. Првиот човек на градот, Зоран Дамјановски истакна дека е задоволен од динамиката на градежните работи. Тој информираше дека во моментов се работи на промена на столарија, поставување климатизација, уредување на сантирните јазли, односно на целосниот внатрешен дел.

-Oстанува уште согласност од конзерваторскиот завод за нашиот проект за фасада. Тој проект го чекаме се надевам беше 31-ви септември последен датум кога требаше да се изготви и мислам дека до крајот на годината ќе биде завршено внатрешното средување на Занаетчискиот дом со тоа што имаме ветување дека преку заводот ќе биде финансиран дел за фасадата, промена на кровниот дел така што без оглед на тоа ние овој дел што е во описот на тендерската посатпка ќе биде завршен до крајот на годината-нагласи тој.

За реконструкцијата на репрезентот на Куманово, Занаетчискиот дом, заслужен е Центарот за развој на североисточниот плански регион, кој аплицираше со проект за обнова на објектот до Бирото за рамномерен регионален развој и Министерството за локална самоуправа. Проектот е одобрен и се одвоени 200.000 евра, а општина Куманово учествува со над 100.000 евра.

-Ова пред се е да му дадеме еден живот на најзначајниот објект во градот,  ќе имаме невладини организации можност за состаноци, панел дискусии, камерни концерти, прием на странки, денови на градот, она што му недостасуваше на Куманово, тоа што го одржувавме во големата сала во општината  видиме дека таму не е адекватна не е пригодно за таа работа-додаде Дамјановски.

Домот на занаетчии е дело на рускиот архитект Владимир Антонов, изграден по иницијатива на занаетчиите, а пуштен во употреба 1930 година. Последен пат била изврешна реконстркција на галеријата во објектот 1983 година.

 

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)