Тракторски натпревар интересен и за понежниот пол

Земјоделското  училиште „Киро Бурназ“ оваа година е  домаќин на  четириесет и петти државен тракторски натпревар. Учествуваа десет средните  училишта од земјава во кои е застапено земјоделско –  ветеринарна струка. И понежниот пол се вклучи во овој тракторски натпревар на кој ги покажаа своите извонредни вештини. Натпреварувањето се одвиваше во шест дисциплини во кои учениците имаа можност да го покажат своето знаења.

-Оваа е трет пат како нашиот град е домаќин и сакам да се заблагодарам на Општината која што ни овозможи да го организираме натпреварот бидејќи од нив добивме финансиски средства. Десет града се тука од Ресен, Свети Николе, Прилеп, Велес, Битола, Кавадарци, значи десет града каде има земјоделско ветеринарна струка – веле Весна Трајковска, директор на средното земјоделско училиште „Киро Бурназ“.

На натпреварот учесвуваа сто четириесет  ученици и шеесет ментори од албанска и македонска националност. Дисциплините вешто возење на трактор и орање беа поделени на  женски и машки екипи.

– Доаѓам од Прилеп и по втор пат учествувам на овој натпревар во дисциплината вешто возење со трактор. Овие искуства ги стекнавме на училиште со нашите  професори, а ќе се натпреварувам и во вешто орање. Веќе четири години знам да возам трактор. Се натпреварувам во тракторските дисциплини  и по втор пат сум учесник. Јас доаѓам од Струмица и се натпреварувам во дисциплината за вешто возење на трактор и орање.Втор пат учествувам на ваков натпревар, а минатиот пат освоив второ место – објаснуваат натпреварувачи во возење трактор.

Освен вешто возење на трактор и орање учениците се натпреваруваа и во дисциплините аранжирање на цвеќе, препознавање на семиња, органско производство, препознавање на коски и органи и др.

– Јас доаѓам од Битола и се натпреварувам за анатомија и втор пат учествувам. Прв пат доаѓам на натпреварот и сум од Прилеп и ќе се натпреварувам за аранжирање на цвеќе. Ме мотивираше наградата, дружбата и нови познанства – велат натрпеварувачите.

Учениците на овој натпревар го покажаа својот натпреварувачки дух но од големо значење за нив беше и дружењето и новите пријателства со врсниците од другите училишта низ земјава.

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)