Трајко Вељановски утре во Куманово

Претседателот на собранието Трајко Вељановски, утре ќе го посети градот. Тој напрвин во 12 часот заедно со делегацијата, ќе се прошета низ градот, каде што ќе се сретне со кумановци и ќе зборува за актуелните проблеми.

Во 13 часот е предвидено да разговара со граѓани кои добиле грантови за развивање сопствен бизнис преку програмата Самовработување, во Центарот за култура Трајко Прокопиев.

Во 14 часот е планирана средба со граѓани кај поштата во населбата Зелен рид, а за 16 часот со жителите на населбата Карпош.

Претходно во 11 часот претставници на општинскиот комитет на ВМРО ДПМНЕ ќе го посетат гробот на Драган Богдановски, идеологот и основачот на ВМРО ДПМНЕ, каде што ќе положат цвеќе по повод неговиот 87 роденден.

 

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)