Тренинг обука на млади волонтери од Куманово

Во организација на здружението  „Кумановски акцијаши“  денеска се одржа тренинг процес  за едукација на првата генерација млади волонтери кои во текот на обуката  ќе бидат запознаени со функционирањето и начинот на организирање на сите меѓународни  релевантни фактори , поаѓајќи од УНИЦЕФ, УНЕСКО, ОБСЕ, како и на дипломатските претставништа кои имаат искуство со областа волонтеризмот. На обуката присуствуваа волонтери од  од 9 до 17 годишна возраст.

-Сега презентација вршат претставници на Советот на млади при американската амбасада каде што младите волонтери се запознаваат со начинот на организирање и функционирање на амбасадата и сл. Интересно е што интересот за волонтеризмот е голем кај младит  и тоа кај најмладите, сега во салата имаме волонтери на возраст од  9 до 17 години , од наша страна останува да им создадеме услови за обука бидејќи тие сега поминуваат тренинг процес кој ќе биде доста долг , но по завршувањето се стекнуваат со звањето млади аниматори волонтери и ќе имаат право да учествуваат на еден од меѓународните  волонтерски кампови ширум светот инаку, секоја година ги има околу  720 кампови, изјави Јусуф Љатифи, претседател на „Кумановски акцијаши “

Иако обуката трае три години, тоа не значи дека волонтерите во тој временски период не можат да бидат дел од некој меѓународен камп , без разлика дали станува збор за хуманитарен, еколошки, едукативен или работен, а може да учествуваат и во разни  акции и мисии, посочуваат од „Кумановски акцијаши“ . Ова волонтерско здружение за една недела ќе прослави година од своето формирање.

-Кумановски акцијаши се продолжение на младинското работно ангажирање , за една недела година дена како сме формирани, благодарејќи на советот на општината добивме седиште,како  еден од основачите на Сојузот на волонерите акцијаши на РМ кој е формиран на 24 март, изјави Јусуф Љатифи, претседател на „Кумановски акцијаши “

Кумановски акцијаши  се со седиште на улицата  „11 ноември “ во просториите на месната заедница Бедиње, со работно време од 18 до 20 часот.

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)