Третман против крлежи на територија на општина Куманово

На 23 и 24 август, следната недела од  05.00 до 08.00 часот, на територијата на општина Куманово  ќе се изврши дезинсекција против крлежи, информираат надлежните. Со дезинсекцијата ќе бидат опфатени јавните зелени и цветни површини во градот. Целта на третманот е спречување на ширење на заразни болести каде како вектори се јавуваат истите.

Третираните површини ќе бидат видно одбележани и не се препорачува подолг престој на површините, како за луѓе така и за животни, особено непосредно по извршувањето на третманот.

Доколку временските услови не дозволат да се спроведе дезинсекцијата, тогаш истата ќе биде одложена за наредниот ден, се вели во известувањето од oпштина Куманово.

Коментари

коментар(и)