Третоодделенците ќе учат програмирање

Почнувајќи од 1-ви септември, наместо досегашниот изборен предмет работа со компјутери,третоодделенците ќе го изучуваат предметот основи на програмирање и работа со компјутери како задолжителен.Со два часа неделно учениците ќе следат настава и ќе работат со компјутери. За успешна реализација на новата наставна програма и програмирањето се спореведуваат обуки на оддленски наставници. Околу шеесетина наставници од Општина Куманово и Старо Нагоричане го посетија првиот теоретски дел од обуката и добија сертификати.

– Обуката беше одржана во вторник во Скопје. Интересно беше, поучно за сите нас, се стeкнавме со нови информации. Вториот, практичен дел од обуката ќе биде наредниот месец, вели, Валентина Јанева, одделенски наставник во ОУ „Браќа Миладиновци“.

Наставниците велат дека овој предмет нема да биде непознат за учениците и лесно ќе го совладаат бидејќи голем дел од нив користат комјутери и во домашни услови. Тие посочуваат дека проблемот е во условите за работа во училиштата затоа што не располагаат со доволна количина на компјутерска техника и ќе бидат приморани да импровизираат во спроведувањето на овој предмет.

– Компјутерите што ни се дадени пред седум години повеќето од нив се неисправни, немаме постојана интернет мрежа интернет која ни е неопходна бидејќи  треба постојано да истражуваме, вели Јанева.

Минатата година, наставниците за предметот работа на компјутери работеа по веќе готова компјутерска програма. Годинава ќе изведуваат настава по предметот работа со компјутер и основи на програмирање во трето одделение, согласно новиот наставен план и новите наставни програми за деветгодишното основно образование.

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)