„Македонија има претседател, има татко на македонскиот народ, тоа е нашиот претседател Ѓорѓе Иванов“ , рече во синоќешното обраќање пред присутните граѓани кои што го подржуваат протесниот марш „За заедничка Македонија“ , Миомир Панковски. Тој изрази подршка и благодарност на претседателот што одлучил да не го додели мандатот на, како што рече, оние кои што не и мислат добро на нашата татковина, оние што сакаат да го сменат нејзиното име, да ја сменат нејзината химна, да донесат уште јазици во Македонија, да го разрушат суверенитетот, интегритетот и постоењето на нашата држава.
– Овде сме да ја одбраниме Македонија таква каква што ја наследивме од нашите предци. Не се работи за политичка партија, не се работи за политички функции , овде се работи за нешто многу големо , овде се работи за нашата татковина Македонија. Ние овде ќе ја браниме нашата Македонија, не ни требаат олеснувачи, преговарачи кои што не ја осудија јавно платформата што беше пост-изборно , изјави Миомир Панковски, ОК ВМРО ДПМНЕ
Собирното место на граѓаните подржувачи на протестниот марш вчера беше кај соколанскиот парк , од каде што со македонски знамиња и патриотски песни продолжија по Трета македонска ударна бригада, Гоце Делчев, Ленинова и завршија кај центарот за култура Трајко Прокопиев.
Граѓаните едногласно порачуваат да се почитува Уставот на РМ.
Граѓанскиот марш продолжува и вечерва. Собирното место е кај црквата Свети Никола.