Трибина за вработување во Старо Нагоричане

Во општина Старо Нагоричане се одржа трибина на која беше дискутирано за вработувањето , во рамките на проектот  „Заедница на одговорни граѓани “ .  Начините како да се дојде до работа, како да се препознае одредена аномалија , каде има  прекршување на правата со акцент на дискриминација при вработувањето беше само дел од она за што се разговараше со претставници на општината, на советот и со заинтересирани граѓани, вели Душко Миновски, стручно лице од областа на социјална политика.

– Евидентно е дека има прекршување, има  постојани разни извештаи од народен правобранител , како и од комисијата за заштита и спречување на дискриминација дека уште при самиот старт имаме прекршување на одредени права на луѓето. Затоа треба  да ги препознаваат тие состојби, да го препознаваат нееднаквиот третман кога треба да аплицираат за одредена работа. Имаше доста голема интерактивност во сето тоа , особено говоревме и акцентот се стави на нас како поединци кога аплицираме меѓутоа при евентуални соочувања со нееднавиот третман во делот на лицата со хендикеп, бремените жени и сл. често пати се случува и во јавниот , а помалку и во приватниот сектор, каде што имаме најразлични да речеме доведување во неповолна положба од страна на работодавачите во смисла дали сте во заедница, во брак, имате ли едно дете, немате деца, ќе раѓате ли уште деца, што дефинитвно е апсурд во денешно време, и тоа подлежи на одредени санкции доколку знаеме и сме свесни за нашите барања во тој контекст ,изјави Душко Миновски, стручно лице од областа на социјална политика.

Надлежните сметаат дека главната цел на проектот е граѓаните да знаат како да аплицираат, на кој начин да бараат работно место и да препознаат кога се дискриминарани при барање на работа без разлика дали е по основ на  пол, јазик, вера, етничка припадност, социјален статус, политичка припадност.

-Самиот проект претпочита го опфаќа овој регион Старо Нагоричане , но ќе имаме и во Куманово, таму ќе биде согледано дека станува збор за поголема средина, верувам дека ќе се одржат и неколку семинари во низа, крајната цел е секогаш подигнување на свеста и  самите странски мисии кои што доаѓаат кај нас во обид за наша хармонизација со законодавството на Европа во тој контекст постојано доаѓаат и кажуваат дека треба подигнување на свеста , изјави Миновски.

„Заедница на одговорни граѓани “ е владин проект, а го имплементира СОС Куманово.

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)