Трибина за насилен екстремизам

Околу 200 македонски граѓани, припадници на екстремистички организации биле или се вратиле на територијата на нашата држава. Дел од нив се осудени и се наоѓаат во казнено поправни домови, но и понатаму ја немаат прекинато комуникацијата со средината. Токму заради тоа е нужна потребата да се разговара со семејствата, со локалната заедница за да дојде до нивно ресоцијализирање, рече на денешната трибина проф.д-р Марјан Ѓуровски од Факултетот за безбедност, организирана во рамките на проектот Здружени локално против насилниот екстремизам.

-Токму преку овој тип на обуки и разговори целта е да се подигне меѓусебна доверба и разбирање помеѓу институциите на системот, невладиниот сектор и локалната самоуправа со цел да се дојде до потенцијалните ризични групи и семејства од кои произлегуваат лицата кои се упатуваат на странски борци и странски територии и воедно по нивниот поврат претставуваат сериозен безбедносен ризик за целокупното општество. Токму жената, младите се групите и поединците кои можат да придонесат преку заеднички активности и градење пред се на локално политики и на општината Куманово и на сите други градови во земјата да дојде до превенирање на потенцијалните безбедносни ризици, изјави проф.д-р Марјан Ѓуровски од Факултет за безбедност .

Бидејќи Македонија е земја на мигрантската рута неопходен е проектот чија што цел е превенција, односно подигање на свеста по однос на прашањето за радикализмот и насилниот екстремизам, вели проектниот координатор  Даниела Антоновска од Националниот совет за родова рамноправност.

-Куманово е одбрана како општина затоа што е мултикултурна, има различни етницитети и овде фокусот ни е пред се, ставен на превенција на младите. Во претходната работилница која што ја одржавме во Куманово ја одржавме во основно училиште со погорните класови и целта беше да се запознаат покрај со предностите кои што ги даваат социјалните медиуми и со опасностите кои што демнат на интернет и од страна на социјалните медиуми. Сега овде денеска имаме друга целна група , претставници од локални невладини организации, од општинската администрација, од основните и средните училишта, од градинките и овде целта е да се запознаат повеќе и целокупната јавност, меѓутоа пред се, мајките, родителите, претставниците на општината со потенцијалните ризици и со потенцијалните закани во однос на овој проблем на целната група млади кои што и како крајна цел на проектот ќе биде изработка на локални акциски планови , тоа ќе го направиме до крајот на ноември и повторно ќе дојдеме во Куманово, изјави Даниела Антоновска, проект координатор на проектот

Имплементацијата на проектот  кој што е финансиски поддржан од Меѓународниот Републикански Институт (ИРИ) ќе трае до крајот на годинава. Освен во Куманово, проектот се спроведува во уште три општини, Долнени, Теарце и Гостивар.

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)