Трибина за остварување на соништа на Димковски

„Како да бидете креатори на сопствениот живот и како да ги остварите вашите соништа“, е насловот на трибината на авторот Ниче Димовски, која се одржа синоќа во Центарот за култура Трајко Прокопиев. Кумановци имаа можност да ги слушнат теориите и досегашното искуство на Димовски. Тој пред нив говореше за парадигма за креирање позитивен живот за само седум дена.

-Науката кажува дека ние имаме огромна моќ благодарение на нашиот мозок во зависност од тоа каде се фокусираме го добиваме сетоа она што ние го сакаме. Секој од нас е она што се неговите претходни мисли. Доколку станеме свесни за нашата моќ тогаш можеме да добиеме се што ќе посакаме, да се извлечеме од најтешка депресија па дури и од најтешки болести-истакна Димоски.

Димовски досега имаше вакви трибини и во останатите градови низ државата. Посочи дека наидува на многу позитивни реакции кај граѓаните.

-Сето тоа тие го знаат но не го поврзале толку добро за да можат да го применат во нивните животи. Тоа доаѓа од таму што многу вредни научници и умови го откриваат сето тоа но не се сетиле како на едноставен начин да го кажат на луѓето за да може обичниот човек да го примени во својот живот. Токму тоа го правам јас сублимат на повеќе науки со кои ја докажувам мојата научна теорија и носам формули кои кога ќе се научат тогаш може да добиете се што ќе посакате во животот-истакна тој.

Промоторот на трибината, Анка Андреева нагласи дека литературната дејност на Димоски започнува од 2009 година со првата книга Најголемата вистинска тајна на светот.

-Таа е една од најчитаните во последните години за која читателите велат дека им го променила животот од корен. Оваа книга е преведена и во САД. Втората книга е Вистината за вечноста која доживува голем успех во 2012 година. по барање на читателите издава прирачник во која ја објавува техниката за креирање позитивна енергија -нагласи таа.

Во 2013 година Димоски го издал првиот стрип Александар Македнски лавот од Македон, како и книгата Бог е жив. Последно негово дело е прирачникот Тајните на писателите, а во моментов ја пишува новата книга Љубов се викам, која ќе биде и сценарио за филм.

nice-3

 

 

nice-1

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)