Трибина за положбата на ромите во општеството

Иако делумно е подобрена  положбата на ромската заедница во општеството, па дури и во Куманово, генерално не сум задоволен од она што го имаат ромите бидејќи им следува многу повеќе, рече денеска Мерџан Демирали од инИцијативниот одбор на СДСМ,  по повод светскиот ден на ромите. Евидентни се вработувањата на ромите во државната и локалната администрација , но се надевам дека во наредниот период таа бројка ќе се зголеми, истакна Демирали на трибината организирана под покровителство на градоначалникот и советот на општина Куманово.

-Утре се одбележува светскиот ден на ромите, 45 години од формирање на првиот светски ромски конгрес одржан од 14 земји кои и ден денес се борат за прават на ромите за подобар живот и положба во општеството. Во програмата на СДСМ ќе се заземат за невработените,  за  постарите лица да  добијат социјална пензија , млади кадри со средно и високо образование да бидат вработени, изјави Мерџан Демирали, Иницијативен одбор на СДСМ

Дека последниве години е подобрена положбата на ромите во Куманово потврдува и претседателот на општинската организација на СДСМ, Мартин Костовски, посочувајќи дека општината води сметка за инклузивност на ромската заедница во локалната самоуправа.

На трибината беше отворена дискусија за статусот и положбата на оваа заедница во општеството, а беше презентиран и документарен филм со случувањата поврзани со ромите од 1945 –та година до денеска.

На денешната свеченост по повод 8 -ми април во кружната сала  во поранешен комитет,  присуствуваа претставници на државни институции, училишта, невладини организации и граѓани  на Куманово.

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)