Трибина на Форумот на жените на СДСМ во Куманово

„Женскиот активизам и борбата против родовото базирано насилство“ беше насловена трибината  што синоќа ја организираше Форумот на жени на СДСМ. Со оваа активност започна кампањата под мотото  „Сина Панделка – 16 дена женски активизам“. Во преполната сала во Младинскиот културен центар пред присутните се обратија Мартин Костовски, претседател на општинската организација на СДСМ, Марина Алексовска, регионален координатор на Форумот, Атина Мургашанска, општински координатор, модераторот Маринела Тушева, како и Мила Царовска од комисијата за труд и социјална политика на СДСМ и Елена Димушевска од Мрежата за борба против семејно насилство.

Еден од столбовите на СДСМ е родовата еднаквост базирана и во новата „Визија за Македонија “, оваа трибина и сите активности што ги имаме и во месните организации ќе биде сдамо уште една потврда дека СДСМ како  лево ориентирана партија која им дава можности на сите еднаква шанса да учествуваат во опшетствениот живот, изјави Атина Мургашанска, општински координатор на Форум на жени на СДСМ

Во РМ 86 проценти од жртвите на семејното насилство се жени, заради што е потребно се повеќе јавно да се зборува за оваа проблематика и од ваквите трибини да ги испраќаме пораките до надлежните институции  и да извршиме притисок  и тие да си ја работат својата работа, рече модераторот Тушева.

– Често пати се случува многу женски повици за помош базирани на родово насилство да останат неслушнати од институциите на системот кои што треба да помогнат , да заштитат. За жал во 2014 година 5 такви жени чиишто повици во континуитет остануваа неслушнати од институциите на ситемот ова наасилство го платија со својот живот, во 2014 имавме 5 убиства на жени кои што во континуитет биле жртви на домашно семејно насилство, го пријавувале тоа, но тоа останувало несанкционирано. Затоа ни е потребен женскиот активизам, затоа ни е потребна превенција и разговарање за овие теми, сензибилизирање на јавноста и во крајна линија да извршиме притисок кон институциите и тие да си ја работат својата работа која што законски е пропишана и тоа што не сме го ратификувале од Истанбулската конвенција да извршиме притисок да се ратификува, изјави Маринела Тушева , модератор на трибината

Според Царовска, иако семејното насилство е законски регулирано, жените односно жртвите немаат никаква заштита од институциите на системот. Во Македонија не постои сервис за третирање на злоставувани жени, СОС – линии  работат но не е познато дали и кој ги контролира и дали се специјализирани за таа намена, не се знае дали жртвите кои се сместени во шелтер центри ја добиваат потребна и соодветна поддршка , рече Царовска.

-Ако во 2006 се постигнати  законска регулативи за регулирање на семејното насилство, ако е внесен процентот или квотата за пратенички во парламентот,  сега сме токму на таа стартна позиција, заради тоа што семејното насилство иако е законски регулирано, жените немаат никаква заштита. Родово базираното насилство е многу важно да потенцирам дека не се однесува само на семејно насилство,  туку се она што ни се случува околу нас во делот на психолошко, насилство на работно место, демнење на улица пр. од поранешен сопруг, родово базираното насилство не се однесува самио на жените, се однесува и на мажите кои што заради својата улога се донесени во понеповолна положба, затоа родово базираното насилство значи демократија, рамноправност во општеството, рамноправност на еднаквоста на  можности помеѓу мажите и жените, изјави Мила Царовска , Комисија за труд и социјална политика на СДСМ 

 

Трибини на рзлични теми поврзани со правата на жените работнички, алкохолизмот , дрогата, психичкото вознемирување на работното место ќе се одржат во  Штип, Кавадарци,  Битола,  Гостивар,  Гевгелија, а на завршната конференција Скопје ќе се зборува за ратификација на Конвенцијата за заштита од сите форми на насилство врз жените односно (Истанбулската Конвенција). Визијата за Македонија на СДСМ е  земја во која сите жени и мажи ќе ги уживаат основните човекови права,  земја на еднакви можности и еднаков третман на сите граѓани без разлика на полот на кој припаѓаат,  земја со нулта толеранција на родово базираното насилство и Македонија да биде едно општество за сите.

 

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)