Трибина на Форумот на жени од СДСМ (ВИДЕО)

Големо е задоволството да доаѓаш од градот во кој има најмногу жени на раководни жени, при што нивниот избор е направен исклучиво според нивните способности. Вака ја започна трибината насловена „Кога таа е раководител“ претседателката на Форумот на жени на СДСМ од Куманово, Соња Тодоровска.

Осврнувајќи се на Меѓународниот Ден на жената – 8ми Март, од Првата Меѓународна Конференција за жената, па се до денешните достигнувања во однос на правата и слободите на понежниот пол – Тодоровска укажа на севкупната борба за социјална и политичка правдина меѓу половите и еднаквите можности во општествата.

А, дека раководната позиција, како што е одговорната – претседател на Совет на една голема општина, претставува предизвик за модерната жена, говореше и госпоѓата Мургашанска, сосема свесна каква одговорност и какво разбивање на стереотипите донесува ваквата функција.

 

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)