Трибина „Стрес и енергија на свесност“

„Стрес и енергија на свесност“ е насловот на синоќешната трибина која се одржа во Центарот за култура „Трајко Прокопиев“. Модератори на трибината беа магистерот по психолошки науки Горан Стевчевски, гешталт психотерапевтот Јасминка Наумовска и професорот по филозофија Зоран Ѓорѓиевски.  Според нив поединецот најдобро ќе се справи со стресот преку проширување на свесноста.

-Енергијата на свесноста е единствена која што може да и се спротивстави на енергијата на стресот и да ја урамнотежи. Тоа е засега единствен познат начин со кој можеме да ги разрешиме сите фрустрации кои што ни ги носи стресот. Денеска терминот освестете се го гледаме секојдневно на телевизии од кој било тип на емисии политички, економски овој термин е најупотребуван и користен а малку луѓе знаат што значи и на кој начин и со кои методи да го направиме тоа-истакна Стевчевски.

Според гешталт психотерапевтот Наумовска, главен виновник за сите несреќи, поаѓајќи од зголемување на телесната тежина и паѓањето на имунитетот, е стресот.

-Стресот од ден на ден зафаќа пошироки размери и добива планетарно значење. Секако дека ваквата состојба е аларм за тревога. Денешниот човек живее по туѓи сценарија заситен е од тероризми, катаклизми, воени активности  а е бомбардиран со информации од интернет технологијата, медиумите со што го покренуваат својот стрес кој оди рака под рака со стравот-истакна таа.

Наумовска посочи дека во модерното време луѓето водат површни разговори, создаваат јалови врски во кои недостасува топлина, искреност прифаќање на различноста, недостасува љубовта и се отвораат вратите на стравот.

23-09-tribina-2

23-09-tribina-3

 

 

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)