Триесетина кумановци на контра-кампот пред Собранието

По урнекот на опозицискиот шаторски камп пред Владата, и членовите на Унија на млади сили на ВМРО ДПМНЕ од синоќа организираат контра-шаторски камп во  Жена парк пред Собранието. Од Куманово околу 30 лица ноќта ја поминаа спроти Парламентот.

-Останаа од нашата унија на млади сили да кампуваат пред Собрание. Целта и на митингот и на ова е да се спротивстават на оние кои што сакаат на нелегален начин да ја урнат владата на Македонија. Да добијат нешто што во нормални земји се добива на избори, тие сакаат по насилен пат да го добијат и ова е како поддршка на владата да истрае во своите настојувања и понатаму да раководи со оваа земја-изјави Драган Петковски, претседател на ОК на ВМРО-ДПМНЕ Куманово.

Инаку голем број граѓани, членови и симпатизери на ВМРО-ДПМНЕ  вчера со 48 автобуси заминаа на  протестот кој што се одржа пред Собранието на Република Македонија во Скопје. Целта на народниот собир,  кој што се одржа под мотото „Македонија силна“ е да се даде поддршка на власта.

-Може да кажам дека од Куманово заминаа многу луѓе имавме организирано околу 48 автобуси, и сигурно по наша евиденција, кај нас што се пријавени преку 100 приватни возила. Некоја груба бројка проценка би била околу 3.000 кумановци присуствуваа вчера на митингот и дадоа поддршка на легално избраната влада да ја води и понатаму државата-додаде тој.

Инаку организираните автобуси вчера тргнаа од пред Спортската сала, кошеви во населбата Гоце Делчев, пожарна, Соколана и од други локации од приградските населби.

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)