Три интервенции на пожарникарите викендов

Вкупно три интервенции бележат кумановските пожарникари во текот на изминатиот викенд, меѓу кои на опожарен стан, запален оџак, но и техничка интервенција на поплавени подрумски простории.

Како што информираат од Регионалниот центар за управување со кризи во во сабота во населбата Долно Којнаре околу 22:30 часот петмина пожарникари со едно противпожарно возило се упатиле на интервенција на запален оџак и поткровје на семеен дом. Интервенцијата траела до 00:50 часот, а причината за избувнување на истиот, како и висината на материјалната штета допрва ќе се утврдува.

Втората интервенција била вчера кога во 09:35 часот кумановските пожарникари примиле повик за опожарен стан лоциран на улицата „Илинденска“. На местото на настанот веднаш се упатиле петмина пожарникари со едно противпожарно возило и интервенирале до 10:15 часот.

Третата интервенција на припадниците на Територијалната против пожарна единциа била од технички карактер кога тројца пожарникари со едно противпожарно возило интервенирале на исцрпување вода од поплавени подрумски простории на стамбена зграда лоцирана на улицата „Доне Божинов“. Причина за поплавување на подрумот, како што стои во извештајот на РЦУК е пукање на водоводната инсталација во зградата.

Инаку од почетокот на герјната сезона кумановските пожарникари белажат неколку интервенции на запалени оџаци, а како што велат надлежните најчеста причина е нивното слабо чистење, како и печките на висок воздушен притисок. За да не дојде до избувнување на пожари се препорачува оџаците и печките да се чистат најмалку еднаш месечно.

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)