Три лица физички нападнале 46-годишен кумановец

Кумановец пријавил дека бил нападнат во неговиот деловен објект, информира Секторот за внатрешни работи.

Според пријавеното, вчера во 17:30 часот во СВР Куманово О.М. (46 години) од Куманово пријавил дека во неговиот деловен објект на улицата „Доне Божинов“ бил физички нападнат од  три лица со тврд предмет.  Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Коментари

коментар(и)