„Трнорушка“ премиерно во Театар Куманово

Во кумановскиот театар наредната недела премиерно ќе се изведе новата детска претстава Трнорушка. Надлежните од театарот на денешната прес конференција информираа дека приказната зборува за моќта на љубовта.

Се работи за весела претстава која ја обединува актерската игра, кореографијата, костимите, сцената што ја прави интересна за публиката. Режијата во претставата е на Бојана Краљевска.

-Невината и чиста љубов, истовремено моќна која секогаш го победува злото. Ова е универзална приказна која вреди да ја погледаат и најмладите и возрасните-изјави режисерката Краљевска.

Трнорушка во претставата ја игра младата актерка Владанка Димковска, која истакна дека е поинакво чувството кога се игра карактер од детска претстава. Ликот на принцот Фиданчо го толкува актерот Жарко Јовановиќ.

-Бевме исполнети со ведрина, позитивна енергија што го буди детето кај сите нас-вели Димковска.

-Претставата е колоритна, има убави костими, кореографии-вели Јовановиќ.

Актерката Нина Максимова ја игра Лошка, таа ги повика кумановци да ја проследат претставата во која играат заедно со Марко Трајковиќ, Сања Русеска, Владанка Димковска, Жарко Јовановиќ и Давид Илиќ.

Премиерата е закажана за 4-ти март,  (среда) со почеток во 18.00 часот во кумановскиот театар.

Share and Enjoy !

0Shares
0 0 0

Коментари

коментар(и)