Тројца новозаболени кумановци, еден починат

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа регистрирани се 23 нови случаи на КОВИД-19 , од нив тројца новозаболени кумановци.
Регистрирани се и 32 оздравени пациенти, меѓу нив е еден граѓанин на Куманово.
Според надлежните, пријавени се вкупно 4 починати лица: тројца од Скопје  е еден кумановец на возраст од 71 година.
Бројот на активни случаи на ниво на државата во моментов изнесува 451, а во Куманово – 40, информира надлежното министерство.

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)