Тројца новозаболени и 14-мина оздравени пациенти е ковид билансот во Куманово во изминатото деноноќие. Починати пациенти од нашиот град во последните 24 часа, нема. На ниво на државата починати се 4 лица, тројца пациенти од Скопје на 62, 66 и 88 годишна возраст и еден 73 годишен тетовец.
Во изминатото деноноќие направени се 539 тестирања, а регистрирани се 83 нови случаи на ковид-19, најмногу од нив во Скопје – 34 , Кочани – 9, Штип – 6, Струмица и Тетово по пет случаи, во Делчево четири новозаболени лица.
Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 146 оздравени пациенти , од нив 52 од Скопје.
Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 18.873, оздравеле 15.487 пациенти, починале 760, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 2.626.