Тунелче – „јавен тоалет“ во градот

Неподнослива реа, се шири од тунелчето кое го поврзува Градскиот плоштад со паркингот кај Тинекс. Ова место кое е едно од најфреквентите во градот, претставува извор на зарази, бидејќи на дел од Кумановци со години наназад им служи како јавен тоалет. Станарите кои што живеат во петокатницата стравуваат од појава на заразни болести и велат дека се чувствуваат како на депонија. Додаваат дека поради смрдеата, не можат да си ги проветрат домовите.

-Ние прозорци не можеме да отвориме особено преку викенд, а особено кога се држат разни културни манифестации, наместо да се донесат тоалети-велат граѓаните.

Покрај непријатната миризба од тунелот, граѓаните се жалат дека дополнителен проблем им се и контејнерите, кои се наоѓаат под самите прозорци на нивните домови  и поставените филтри и агрегати од блиската продавница, од каде миризбата од јадењето оди директно во нивните станови.

-Насилно ни ги донесоа два контејнера ни се ставени под прозори на зградата. Секој нормален човек може да сфати дека директно на луѓето не можете да им ставите филтер. Таму се пржат риби и други јадења се прават чадот од нив директно оди во становите-додаваат граѓаните.

Станарите упатија апел до надлежните инстутици, да не замижуваат, туку да го решат овој проблем, во спротивно најавија граѓанска непослушност.

 

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)