Туристичките агенции полни за 8-ми март

Венеција, Виена, Будимпешта, Прага , Дрезден се дел од туристичките дестинации кои што веќе традиционално се најпримамливи за кумановките како осмомартовска понуда. Но,  кога станува збор за пакет аранжмани со вклучен автобуски превоз огромна заинтересираност постои и за поблиските туристички центри, Банско и Боровец. За празникот на жената тренд последниве години, велат од агенцијата , е да не патува само понежната половина, туку најчесто сопружниците или партнерите патуваат и го прославуваат празникот заедно. Деновиве само се надополнуваат дестинациите каде што останало место бидејќи тие се на програма  уште од 15-ти јануари.

-Од авионските програми што ни е посебно задоволство сите посериозни европски дестинации Aмстердам, Берлин, Ница, Малта, Рим и сл. сите беа добро прифатени , сите ќе имаат реализација и се е на ниво на последниве години, значи можеби нема некој голем раст во побарувачката , но секако дека нема ни пад така да исто е нивото, изјави Драган Трајковски, менаџер на ТА„Игуана травел“

Во „Игуана травел “ веќе има побарувачка и за понудите за Велигден кој оваа година се прославува на ист датум со католичкиот. Поради тоа, потенцираат од агенцијата било која дестинација да се посети црквите и плоштадите ќе бидат преполни . Освен посета на европските метрополи, многу барани  за Велигден се и островите.

-Нашиве луѓе обично ги бираат дестинациите во православните земји пред се поради посета на црквите, манастирите,  литургиите  и слично бидејќи кога веќе не се дома сигурно би сакале да посетат цркви и слично. Како дестинации веројатно од искуствата досега  за Велигден сигурно дека сакана дестинација се Прага,  Рим , Грција сигурно ќе биде барана дестинација, пример Велигден на Крф, на  Лефкада, на Амулијани е многу интересно , на островските дестинации и слично,  така што очекуваме навистина дека ќе имаме интерес и ќе имаме солидна продажба, изјави Драган Трајковски, ТА „Игуана травел “

Сериозен интерес од граѓаните постои и за понудите за летните аранжмани во оваа агенција. Тие се во продажба веќе три месеци и споредбено со минатата година побарувачката е поголема. Тука се традиционалните дестинации, островите Лефкада, Скијатос, Закинтос, Халкидики прв и втор крак, но веќе во понудите туристите можат да се одлучат и за нови дестинации како што е островот Амулијани.

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)