Турнир во шах по повод Денот на независност

Со организирање шаховски турнир во клубот на ветерани „Христијан Тодоровски Карпош “ отпочна одбележувањето на Денот на независноста , 08 септември. Активностите по повод претстојниот празник се во организација на Отсекот за превенција при СВР Куманово и Советот на општината. На турнирот учествуваа  екипи од  полицијата , здружението на пензионери, армиски и полициски ветерани и Црвениот  крст. Најдобите добиваат  дипломи, а останатите благодарница за учеството на турнирот.

– Го отворивме овој натпревар, посакавме среќа, спортски дух кај сите натпреварувачи најдобриот да победи. Меѓутоа најважно е дека сите сме заедно и во активностите кои следуваат, но и во спортските активности, изјави Александар Арсиќ, претседател на Совет на општина Куманово

Надлежните ги повикуваат граѓаните, учениците, наставниците ,  утре со почеток во 11 часот да присуствуваат на показната вежба што ќе се одржи во дворот на територијалната противпожарна единица . Присутните, како што информираат  од Советот за превенција ќе имаат можност да се запознаат со опремата на институциите , но и нивната заедничка работа која придонесува граѓаните да се чувствуваат безбедно, но и да ја почувствуваат безбедноста на градот.

-Ќе им покажеме дека сите институции и Советот на општина Куманово како институција која е избрана од граѓаните заедно може да направиме нешто што е добро за граѓаните , да ги ослободиме граѓаните  секогаш да интервенираат кај овие институции и да можеме да имаме меѓусебна доверба , граѓаните да можат секогаш да се потпрат на овие институции , изјави Александар Арсиќ, претседател на Совет на општина Куманово

Одбележувањето на празникот завршува на осми септември со положување цвеќе на Спомен костурница со почеток во 11 часот.

 

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)