Уапсени две лица, поради издржување затворска казна

Полициски службеници лишиле од слобода две лица, поради издржување затворска казна. Во првиот случај, притворен е Н.Д. (43 години) од Куманово, кој е осуден на седум години и пет месеци затворска казна за сторено кривично дело „тешка кражба“, а се барал со потерница за доиздржување на четири години и  два месеци казна затвор. Лицето ќе биде спроведено во Казнено-поправна установа Затвор Идризово за доиздржување на казната.

Во вториот случај уапсен е А.Ш. (26 години) од Куманово. Тој се барал со потерница за издржување на казна затвор за сторено кривично дело по член 206 од Кривичниот законик. Лицето било спроведено во Казнено-поправна установа Затвор К’шање  за издржување на казната.

Коментари

коментар(и)