Уапсени четворица кумановци, затекнати при вршења кражба

Уапсени четворица кумановци, затекнати при обид да извршат кражба, информира полиција.  Вчера, околу 16 и 30 часот, полициски службеници од СВР Куманово, ги лишиле од слобода Е.Б.(27 години), С.Д. (21 година), С.А.(26 години) и Р.Р.(26 години), сите од Куманово. Тие биле затекнати во земјоделски објект во село Доброшане, кумановско, при обид да извршат кривично дело „тешка кражба“. Кај нив биле пронајдени предмети поврзани со кривичното дело. Лицата биле приведени во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе бидат поднесени соодветни пријави.

Коментари

коментар(и)