Уапсен претседателот на Кумановскиот суд

Претседателот на Основиот суд Куманово Муса Сулејмани денеска е уапсен во полициска акција која утринава беше спроведена во Куманово.

Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, донело наредба за спроведување на истражна постапка против 12 лица, кои се приведени во полициската акција во текот на ноќта и утринава се спроведувала во Куманово и Скопје.

Едно од осомничените, најверојатно судијата, ќе се гони за сторени кривични дела Злосторничко здружување и Злоупотреба на службената положба и овлстување кој ги сторил вршејќи висока функција во Основниот суд Куманово. Останатите единаесетмина се гонат за сторени кривични дела Злосторничко здружување, Лихварство, Изнуда и Криумчарење мигранти.

Ценејќи дека се исполнети законските основи, надлежен обвинител предложи до Судијата на предходна постапка од Основниот суд Скопје 1 Скопје за сите дванаесетмина да се определи мерка Притвор, -велат од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција.

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)