Убиени водачите на терористичката група

Водачите на терористичката група, Мирсад Ндрецај, алијас командант Нато и Бег Ризај, познат и како командант Бегу и двајцата од Косово, се убиени во населбата „Тоде Мендол“, потврди МВР.

Како што соопштува МВР, по завршување на обдукцијата на починатите членови на терористичката група, отпочнала процедура за потврдување на идентитетот на лицата. Досега позитивно е потврден идентитетот на Мирсад Ндрецај, кој што е роден 17.06.1979 од Косово таканаречен командант НАТО, за кој постоеја сомненија дека е еден од лидерите на терористичката група.

Пристигнала позитивна потврда и за идентитетот на Бег Ризај, кој што е роден на 25.12.1977 од Косово, познат како командатнт Бегу. Од починатите потврден е и идентитетот на Нусрет Каљоши, роден на 18.04.1975 македонски државјанин.

Освен нив преку Интерпол потврден е и идентитетот на Сами Укшини, роден на 10.10.1967 од Косово познат како Командант Соколи, односно лицето кое се предаде на полицијата.

Продолжува процесот на идентификација и на останатите.

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)