УКИМ објави Конкурс за следната студиска година

Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“- Скопје денеска го објави Конкурсот за запишување студенти во прва година додипломски студии во академската 2016/2017 година.

Според Конкурсот, за сите студиски програми на факултетите во склоп на Скопскиот универзитет има вкупно 10.535 слободни места.

Од нив 6.606 се за редовни студенти во државната квота, 2.819 места за редовни студенти со кофинансирање на студиите и 1.110 места за вонредни студенти.

Како и во изминатите години, надоместот за редовните студенти е 200 евра односно 100 евра за дисперзирани студиски програми, а износот за студиите со кофинансирање се движи од 100 до 400 евра.

Пријавувањето на кандидатите во првиот уписен рок е на 18-ти и 19 август. Вториот уписен рок е на 5 септември, а на факултетите на кои ќе останат слободни места ќе има и трет рок на 15 септември, кога и почнува новата академска година.

Инаку, скопскиот универзитет седма година по ред во учебната 2016/2017 ќе додели 240 стипендии на најдобро рангираните кандидати при уписот во прв циклус студии.

Според одлуката на секој факултет на најдобро рангираните 10 кандидати на конечните ранг-листи на примени кандидати во категоријата редовни студенти на прв циклус студии, ќе им се додели едногодишна стипенција.

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)