Укинат притворот на претседателот на судот

Претседателот на Основниот суд, Муса Сулејмани пред неколку денови е пуштен од притвор. По 5 ипол месеци тој е ослободен, откако вложил жалба до Врховниот суд. Наводно тој доаѓа на работа, а Судскиот совет треба да одлучи дали ќе се врати на лидерското место во кумановскиот суд или ќе работи како судија.

По неговото апсење за вршител на должноста претседател беше назначен Беџет Елези. Сулејмани беше уапсен во октомври минатата година, откако ја доби мерката притвор, поради постоење сомнение за кривично дело злосторничко здружување и злоупотреба на службената положба и овластување.

Според информациите од Министерството за внатрешни работи тој соработувал со криминална група од Арачиново, која се занимавала со изнуда, лихварство, трговија со дрога и оружје и криумчарење мигранти.

 

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)