Улицата „Ѓорче Петров“ заслужува асфалт, порача ВМРО-ДПМНЕ

Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ Куманово и граѓаните од населбата Перо Чичо денеска се пожалија дека улицата „Ѓорче Петров“ и ден денес е неасфалтирана,со дупки, а за канализационата и водоводната мрежа самите издвојувале пари.

Срѓан Ивановски од ОК на ВМРО-ДПМНЕ вели дека не постои село, населба и улица во која не можат да се видат трагите на повеќе децениското неработење на локалната самоуправа предводена од СДС.

Улицата ,,Ѓорче Петров ‘‘ поточно овој дел каде што сме денеска е уште еден од многуте примери на арогантниот однос на градоначалникот ,кој кулминираше деновиве. Оваа улица како што можете да видите е неасфалтирана и полна со дупки. Оваа жална слика претставува секојдневие на жителите од оваа улица кои тука живеат со децении. Освен што улицата не е асфалтирана ,луѓето биле приморани со сопствени средства да финансираат приклучок кон водоводна и канализациона мрежа. Оваа населба е една од најголемите во општина Куманово и граѓаните тука заслужуваат подобар третман од локалната власт. Заслужува да имаат функционална и сеопфатна инфраструктура, повеќе урбани елементи, како парк, шеталиште, осветлени улици, градинка. Се она што е ветено, а денес го нема и што со сигурност ќе ја направи оваа населба пристојно место за живеење – вели Ивановски.

За својата мака и неасфалтираната улица реагираат и самите граѓани кои мака мачат и при најмал дожд да излезат од дома.

Откако сум роден овдека 39 години сос редства на татко ми, на родителите на моите другари и пријатели со самодопринос беше направена калдрма. Сами правевме канал и водовод, никаква помош од локалната самоуправа, од градоначалникот да не зборуваме, нити има стапнато на оваа улица, дури во една прилика рпед 7-8 години со намера да ја затворат на горниот пат. Овој проблем постои повеќе од 25 години, затоа што калдрмата ни беше функционална меѓутоа со копање канали и водовод, улицата се уништи. Со пак наши средства ќе посиепеме песок, ќе дадеме по некој денар. Јас откако сум роден, моите деца, од тогаш до денес никој не дојде да не посети и да најде средства да го направат овој пат. Страшна работа, па дури и загрижувачка. Не знам дали ќе имаат свест и разбирање да ја погледнат барем оваа улица – изјави жител на населбата „Ѓорче Петров“.

Инаку оваа улица ги поврзува населбите Перо Чичо, Иго Тричковиќ и Тромеѓа и е од витално значење за сообраќајната комуникација помеѓу овие населени места кои потоа се поврзуваат со главната улица која излегува на булеварот „Октомвриска револуција“.

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)