Улицата 424 во Иго Трчковиќ доби асфалт

После 4 децении жителите на  улицата „424“ или поранешна  „6 “ во населбата Иго Тричковиќ ќе одат по асфалт. Улицата во должина од 1.250 метри квадратни доби асфалтна подлога како дел од проектот на локалната самоуправа за реконструкција на постојната патна инфраструктура.

Бидејќи за асфалтирање  има голем број улици во градот, општината до крајот на јули месец ќе настојува да асфалтира по 3.500 метри квадратни во поголемите населби.

-Ова е една витална точка бидејќи поврзува две главни артерии на оваа населба стариот и новиот тромеѓански пат а тоа најмногу ќе значи за децата кои што следат настава во училиштето и го посетуваат дневниот центар кој што го отворивме пред два месеца. На некој начин ова е желба на граѓаните на месната заедница во координација со месното население ги ставаме како приоритет, изјави Зоран Дамјановски, градоначалник на Куманово

Во изминатиов период беше асфалтирана и улицата 405 во населбата.

Но,  улиците не се единствениот проблем на населбата меѓу народот позната како Пуковско. Приоритет на дел од жителите е изградба на канализациона мрежа која што е поставена и финкционира само во првата половина на Иго Тричковиќ.

И градоначалникот Дамјановски се согласува со граѓаните дека е неопходна канализациона мрежа чија изградба е стопирана пред десетина години, но не по вина на локланата самоуправа.

-Имаме овде застој на изградба на канализациона мрежа која како дел од референдумот на месната заедница пред десетина години е застаната и имаат нерасчистени односи , инвеститорoт и месната заедница така што локалната самоуправа чека расплет на целиот спор кој ќе има и судска завршница да дојде до завршување на комплетната инфраструктура во оваа населба која е една од најдинамичните населби вo градот , голем број на деца, изјави Дамјановски

Според надлежните досега се реализирани околу 60 проценти од предвидената реконструкција на патната инфраструктура од вкупните 36.000 метри квадратни кои што треба да се обноват .

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)