Уличен флеш моб на Градскиот плоштад

Со уличен флеш моб на Градскиот плоштад во Куманово, млади локални и странски волонтери, како и ученици од речиси сите средни училишта, денеска наплaдне упатија порака дека треба да се поттикне размислувањето на граѓаните во процесот на донесување одлуки кои што се значајни за општеството. Манифестацијата е во рамки на проектот Балкан акција 2015, која што ја имплементира Центарот за интеркултурен дијалог, во соработка со организациите Центар за истражување ЦХРДС од Србија и Бијонд Бериерс од Албанија.

-Станува збор за 17 различни цели кои би требало да го подобрат светот во наредните 15 години, како и да потикнат на размислувањето. Како што можете да забележите деца во флеш мобот кој го организиравме беа облечени во црвена, жолта и зелена боја со што сакаме да ги поврземе со трите теми кои се најмногу дискутирани во последниве денови, тоа се сиромаштија, борбата со нееднаквоста во светот, и климатските промени како најзначаен проблем во наредните децении-изјави Тамара Лазаревска асистент на проектот.

Од ЦИД сметаат дека е потребно да се подигне свеста на луѓето за размислување, како и поголема инклузија на младите, затоа што нивното учество е императив за тоа како би требало да се гради општеството.  Инаку со настанот ќе се заокружи проектот, кој е работен на глобално ниво, поради усвојување на Декларацијата за одржлив развој на Обединетите нации.

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)