УМС на ВМРО-ДПМНЕ пресече црвена лента пред Чоробенско ќоше

Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМЕ, на саркастичен начин упати критика до локалната самоуправа. Имено, со пресечување на црвена лента пред Чоробенско ќоше – местото на коешто е предвидена изградба на административно – деловни објекти, иронично беше отворена општинската зграда. Според УМС, пародијата ќе го потсети градоначалникот на Општина Куманово, Зоран Дамјановски, на неговите неисполнети предизборни ветувања.

-Ние го имаме најдобриот градоначалник на светот. Кога нешто ќе вети – ветено е, ама дали е исполнето? Тоа и не е толку важно. Важно е дека е светски првак во ветување. Така е и со овој проект, општинска зграда. Така беше и со затворениот базен и експропорцијата на земјиштето. Да потсетиме дека ја задолжи Општина Куманово со над три ипол милиони евра за да се завршат овие три проекти. Сега кога ќе се потсетиме, малку ни е криво и веруваме дека можеше да се задолжи повеќе, а со тоа да вети уште некој проект, велат од УМС.

Според Унијата на млади сили, Дамјановски е пример за тоа како не треба да работи еден градоначалник. Додаваат дека освен тоа што инфраструктурата во Куманово се распаѓа, општината е во долгови „до гуша“. Тие му порачаа на Дамјановски да замине од својата функција, бидејќи, како што велат, тој не е способен да раководи со градот.

-Градоначалникот во текот на жешкото работно лето, кое веруваме дека го помина многу напорно со реализација на проекти во канцелариите на оваа нова општинска зграда, наместо да плива со граѓаните во базенот, тој одлучи да не им пречи и да отиде на одмор на море, а тие да пливаат во долговите, нагласија од УМС.

Од Унијата на млади сили му посочија на Дамјановски дека повеќе нема да може да манипулира со граѓаните на Општина Куманово. Тие му предочија дека уште малку време му останува, бидејќи, како што велат, граѓаните ќе заокружат друга опција на локалните избори во 2017 година.

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)