УМС на ВМРО-ДПМНЕ со критики до локалната власт

Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ  го одбележа денот на шегата први април на локацијата каде се гради затвотен базен кој е инвестиција на Општина Куманово. Според нив овој ироничен настан претставува  потсетник за  градоначалникот на градот дека граѓаните не заборавиле на ветувањето дадено пред неколку години за недоправениот базенот кој сеуште е неотворен.

-Денеска со овој настан на свечено отворање на базенот сакаме да го потсетиме градоначалникот и блиските околу него од партијата дека базенот требаше да биде готов уште пред неколку години, а сите сме сведоци дека уште неколку години кумановци ќе треба да почекаат на негово официјално отворање – вели Марио Цветковски, претседател на Унија на млади сили на Куманово.

Младите активисти на  ВМРО-ДПМНЕ освен за недовршениот базен се пожалија и за дупките по улиците низ централното и руралното подрачје на Куманово кои како што велат се полнат со вода при секој дожд и претставуваат проблем и за возачите и за пешаците.

-Освен ископаните улици за Куманово е карактеристично и тоа што владее сообраќаен хаос и постојат проблеми со паркирањето – објаснува Цветковски.

Младите упатија прашање до градоначалникот кога ќе биде завршен базенот и дали некогаш ќе профункционира

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)