УМС на ВМРО-ДПМНЕ ќе собира идеи од граѓаните

Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ во четврток во 19 часот, во Центарот за култура „Трајко Прокопиев“ ќе одржи трибина на која ќе бидат презентирани новите мерки и проекти, кои ги спроведува владата за младите. Истовремено сите посетители ќе можат да дадат свои предлози и идеи. Според претседателот на младите, Марио Цветковски проектите Купи куќа за млади, Македонија вработува, Изградба на 150 изгралишта за баскет, средношколска среда, бесплатни патувања за најдобрите студенти и многу други, потврдуваат дека гласот на младите се слуша и нивните секојдневни потреби наидуваат на разбирање.

-Бесплатна обука за основни компјутерски вештини и странски јазици за млади до 29 години, перални и сушални во студентски домови низ Македонија, изградба на фитнес зони во 18 градови низ територијата на Република Македонија меѓу кои е и Куманово, Железнички викенд за млади до 27 години 1 и 3 викенд во месецот, како и многу други мерки-истакна тој.

Од Унијата на млади сили на ВМРО ДПМНЕ информираа дека на 11-ти февруари, ќе одржат крводарителска акција. Тие ги покануваат, но и ги мотивираат граѓаните да учествуваат, верувајќи дека на овој начин ќе им помогнат на луѓето на кои им е потребна помош. Акцијата ќе се одржи во Центарот за култура „Трајко Прокопиев“ и ќе започне во 11 часот.

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)