УНДП со инфо-ден за граѓанскиот сектор

Во рамки на проектот „Регионална програма за локална демократија во Западен Балкан“  , УНДП денеска организираше  инфо-ден за граѓанските организации од Куманово по повод минатонеделниот објавен јавен повик за доставување на предлог-проекти за добивање на грант. Денеска и наредните два дена граѓанските организации ќе бидат информирани околу деталите и условите на овој јавен повик, но исто така ќе бидат обучувани за подготовка и имплементација на проекти со цел да им се помогне  да ги зајакнат капацитетите за имплементирање на проекти.

-Предлог -проектите кои што ќе бидат одобрени во рамките на овој јавен повик ќе бидат во времетраење од шест до осум месеци, а во 2019-та година се планира објавување на нов јавен повик. Вкупниот износ на грантовите за Македонија е 600.000 евра со тоа што имаме пет партнерски општини во земјата и секоја од тие пет партнерски општини ќе добие по отприлика 120.000 евра. Со тоа што овој износ е за двете години, значи по 60.000 евра од година и самата општина кофинансира со износ од 20 проценти од износот, изјави Ива Колозова, проектен менаџер

Правата на малцински групи, на ранливи категории , социјална инклузија, заштита на животната средина се темите кои што треба да бидат опфатени со предлог –проектите, посочуваат надлежните од УНДП. Приоритетните области беа утврдени заедно со општината и со граѓанскиот сектор на јавна дебата  на почетокот на годинава.

-Интерес има и ова е одлична можност за граѓанските организации да добијат грант со кој што ќе можат да спроведат некој проект кој што ќе биде од бенефит за граѓаните на општина Куманово. Работиме на јакнењето на нивните капацитети и се надеваме дека со овој проект ќе успееме да ги  зајакнеме и за во иднина да можат поуспешно да аплицираат, изјави Ива Колозова, проектен менаџер

Проектот е финансиран од ЕУ, а имплементатор е УНДП.

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)