Уништено штотуку направено спортско игралиште

Несовесни граѓани ја уништеле подлогата на се уште недоправеното спортско игралиште во техничкото училиште „Наце Буѓони“, кое е едно од трите кои што ги прави општината. Вандали ја уништиле тартан гумената подлога на надворешното игралиште.

Првиот човек на Куманово, на социјалните мрежи го осуди вандалскиот чин, повикувајќи ги одговорните да го најдат сторителот.

-Го осудувам овој вандализам, мораме сите заедно и одговорно да го сочуваме заедничкиот имот, апелирам до надлежните да ги пронајдат и санкционираат сторителите-напиша тој.

 

Димитриевски во објавата потсети дека после 60 години ова училиште доби нова спортска сала и дека општината постојано вложува во подобрување на условите за учениците, меѓу нив изградбата на игралиштата, набавка на паметни табли, реконструкција на тоалети, кров, училници.

Во техничкото училиште и во уште две, средното „Перо Наков“ и гимназијата „Гоце Делчев“ општината со средства заштедени за превоз и блок дотации гради спортски игралишта со одредени стандарди со еластична спортска подлога (тартан), фиксна трибина во два реда со 80 седишта, заштитна ограда и скали, комплет голови, кошеви со зглобен обрач и мрежа по FIBA стандарди. Во октомври на јавниот оглас беше избрана најдобра фирма изведувач. Од одделението за јавни набавки од општина Куманово, информираа дека за изградбата на трите игралишта одвоени се околу 9 милиони денари.

Во Куманово постојано се уништува урбана опрема. Неодамна беа уништени садници и клупи на повеќе локации.

 

 

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)