Урбанизам: Да се поднесат елаборати за легализација

Граѓаните кои што имаат поднесено барања за легализација од 2011 –та година,  должни се до крајот на годинава да ги достават елаборатите за веќе доставените барања. Раководителот на Секторот за урбанизам, комунални работи и заштита на животната средина Лидија Ланг Спасовска, апелира до граѓаните да го искористат кусиот временски период кој што преостанува до 31 декември и да ги достават барањата за да можат службите да ги процесуираат и обработат. До истекот на крајниот рок 31 март 2016 –та година предвиден согласно измените на законот за легализација на бесправни градби ,  околу 3.800 барања доставиле граѓаните на општина Куманово до  надлежниот сектор.

-Многу е битно да се знае и апелирам до сите граѓани кои што го имаат оставрено своето право за поднесување на барање за легализација на бесправно изградени објекти 2011 година дека последен рок за доставување на елаборати е 31 декември 2016.Во овој момент не можеме да излеземе со конкртени бројки за доставените елаборати,ќе почекаме да се запази рокот,така што податоците,колку елаборати се доставени ќе бидат достапни во јануари,наредната годин  -изјави,раководителот на секторот за урбанизам од општина Куманово, Лидија Ланг Спасовска.

Граѓаните кои што барањата ги доставиле во дополнителниот законски рок, имаат можност да ги достават елаборатите или да  ги докомплетираат документите, до декември 2017 година, информираат надлежните.

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)