Уредена месната заедница Б.С Гојчо

Лошите временски услови не ги спречија членовите на општинската организација на СДСМ, јавното претпријатие Чистота и зеленило и неколку граѓани заедно да го уредат паркот кај зградите зад економското училиште Перо Наков. Кумановци кои живеат во месната заедница Б.С Гојчо добија нови клупи, лулашки и уредена зелена површина.

-Мислам дека ова е една позитивна акција која се одржува неколку недели по ред за уредување на градските катчиња, урбаната опрема што ја набавуваат на некој начин апелирам до граѓаните да ја чуваат, бидејќи ако не се негува и чува, ако површините не ги заштитуваме и фрламе како по депонии тогаш работата е залудна, затоа покрај нашите акции свеста на граѓаните да ја зачуваме природата и да го зачуваме градот – изјави градоначалникот Зоран Дамјановски.

-Повиканите за денешната акција, општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ   уште еднаш ја покажаа нивната дволичност, затоа што знаат да напаѓаат, но кога ќе ги викнеме на заедничка акција, како што гледате ги нема меѓутоа сигурен сум дека граѓаните знаат да го ценат она што значи искреносст и доблест на политичките партии – истакна претседателот на ОО на СДСМ, Мартин Костовски.

Акцијата наредната недела треба да продолжи во населбата Средорек.

14633262_1407107195983535_4064517462394512323_o

14691398_1407108022650119_2728218248791021073_o

14700864_1407107932650128_532630484838996136_o

 

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)