Урош Луковиќ останува да игра во редовите на Куманово

Српскиот кошаркар, Урош Луковиќ, денеска, официјално го продолжи договорот со кошаркарскиот клуб Куманово на уште една година. По потписите на Костовски, Мандиќ, Инграм и Јаневски, тој повторно ја одбра добро позната средина, и покрај тоа што годинава имаше неколку понуди од Романската Крајова. Минатата година Луковиќ беше еден од лидерите во тимот каде во просек имаше по 17,7 поени, 9.2 скока и по 2 блокади по натпревар. Тренерот Љубисав Луковиќ ја остварува примарната цел која беше да се задржат играчите од минатата година и да се подготви за еден од трофеите во Македонија и што подобар настап во Еврокупот.

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)