УСАИД реновираше две основни училишта

Нови прозорци, врати и фасади добија основните училишта Браќа Миладиновци и Бајрам Шабани,  во рамки  на проектот Меѓуетничка интеграција во образованието на УСАИД, чија што вредност изнесува 60.000 долари и со поддршка на локалната самоуправа од 30 проценти од вкупната сума. По тој повод утринава се одржа свечено затворање на проектот, на кој присуствуваше и потполковник Џенифер Форд, воздухопловен аташе.

-Основни цели се да се интегрираат децата од различните етнички позадини, преку образование и други активности. Проектот ги вклучува училиштата, наставниците, децата и родителите, локалните лидери и целите заедници во развивањето на меѓуетнички односи и градање на основа за подобра иднина. Канцеларијата за меѓуармиска соработка во американската амбасада во Скопје заедно со УСАИД ги обезбедува средствата за реновирање на училишните згради -наведе таа.

Градоначалникот, Зоран Дамјановски наведе дека овој проект е значаен за една мултиетничка општина како што е Куманово. Тој додаде дека општината обезбеди средства и за реновирање на тоалетите во училиштата.

-Сметам дека овој проект е важен во овие сензибилни времиња на демократскиот процес  во Макеоднија мултиетничките односи се основниот столб за формирање на демократско, граѓанско, мултиетничко општество. Токму ваквите проекти даваат надеж дека Македонија има капацитет и ќе направи едно прогресивно, мултиетничко општеството-додаде тој.

Директорите на „Браќа Миладиновци„ и „Бајрам Шабани„Марина Манојловска и Гзим Руштити изразија задоволство од спроведување на проектот и создавање на подобри услови за учениците.

-Нашето училиште успеа во сите училници да ги реновира прозорците, влезните врати и тоалетите. Како наша инвестиција самото училиште вложи во скалите, дел во електричната инсталација, канализациона мрежа и подови во училниците-истакна директорката Манојловска.

Преку проект на УСАИД за Меѓуетничка интеграција досега се реновирани 48 училишта во Македонија.

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)