Усвоена Програмата за работа на Советот за 2019-та година

Претседателката на Советот на Општина Куманово, Атина Мургашанска денеска во врска со Предлог – Програмата за работа на Советот на Општина Куманово за 2019 –та година  потенцираше дека плановите и роковите максимално треба да се почитуваат  за да се подобри имплементацијата на програмата предвидена за годинава. Апелираше сите заеднички како членови на советот да се вложат и да придонесат Куманово да се развива на сите полиња, урбанистички, економски, образовно, еколошки, културно како модерна, современа општина.

Во програмата за оваа година, Мургашанска посочи дека се планираат отворени трибини и дебати на различни теми, како што се урбанизам, сообраќаен режим, заштита на животната средина, а Советот ќе биде отворен за иницијативи од членови на Советот, но и од граѓанскиот сектор за кои што може да се расправа на тркалезна маса, на трибина или на Советот со цел изнаоѓање соодветни решенија и јакнење на  соработката меѓу советничките групи.

-Она што јавноста не го знае пред почетокот на седницата сите советници добивме сертификати за успешно завршена обука за јакнење на советите во РМ од страна на Мисијата на ОБСЕ  во Македонија.

Сакам да информирам дека Советот  на Општина Куманово е еден од деветте Совети во  РМ со успешна апликација, која го доби проектот  „Јакнење на општински совети“ ,а  ќе добиеме и грант во износ од 62 илјади долари или швајцарски франци, изјави Атина Мургашанска, претседател на Совет на Општина Куманово

-Програмата е документ кој е подготвен од сите советници и се обидуваме да придонесеме за подобрување на ефикасноста на работата на сите организации кои се во состав на Општина Куманово, институции, јавни претпријатија и слично.  Се обидуваме работата уште повеќе да ја направиме транспарентна, со почести јавни трибини со присуство на јавноста,  но и на стручната јавност и на граѓаните, изјави Миле Андоновски, советник

Предлог – Програмата за работа на Советот на Општина Куманово за 2019 –та година  беше усвоена со 21 глас „за “ и 6 „воздржани “.

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)