Усвоен акциониот план за енергетска ефикасност

Гасификација на неколку основни училишта и замена на постојните со 2.000 штедливи светилки се мерките со кои локалната самоуправа  планира да заштеди во 2015 та година. Советниците го усвоија  акциониот план за енергетска ефикасност на Општина Куманово. Акциониот план е направен од работен тим формиран од градоначалникот на Куманово, а се донесува секоја година врз основа на програмата за енергетска ефикасност.

-Се надеваме дека овој акционен план ќе биде применет од страна на локалната самоуправа и дека граѓаните во најскоро време ќе ги почувствуваат тие бенефити, изјави Лидија Ланг, раководител на Сектор за урбанизам

Советниците од опозицијата сметаат дека акционите планови не треба само да се донесуваат туку и да се реализираат. Дел од нив обвинија за препишување на планот од минатата година.

-За 2014 година во акциониот план беа предвидени истите училишта за гасификација и беа предвидени замена на штедливи светилки за цела година. Сега кога ќе се погледне завршната сметка на буџетот, ќе се види дека ништо не е реализирано, значи ние донесуваме акциони планови и гласавме за акциониот план за 2015 година, но нека почнат да реализираат нешто, изјави Христина Краиновиќ, советник од ВМРО ДПМНЕ

Околу 2 милиони и 700 илјади денари ќе издвои општината за реализација на двете мерки, а замената на постојните со лет-светилките ќе се врши сукцесивно, велат надлежните. Според проценките, заштедата би изнесувала околу 50.000 евра на годишно ниво, а инвестицијата би се исплатела за 5 до 6 години.

Коментари

коментар(и)