Усвоен буџет на општината за 2016-та година

Една милијарда и 700 милиони денари  изнесува буџетот на општина Куманово за 2016-та година. Буџетот се изгласа на денешната седница на советот како и одлуката за извршување на буџетот. Според надлежните, буџетот е развоен бидејќи се планира финансирање на повеќе инфраструктурни проекти, обезбедување на средства за јавните претпријатија, за улично осветлување, за справување со сообраќајниот хаос. Планирани се средства на основниот буџет, средства од дотации, донации и самофинансирачки активности на општинските буџетски корисници.

 

-Главен акцент на приходната страна е ставен на основните даноци кои што се сопствени приходи на општината како и комуналните такси на надоместокот на уредување на градежно земјиште,надоместок од легализацијата која и годинава стартува и повторно се поднесуваат барање. Тука се и трансферите кои се очекуваат да пристигнат како дотација од Владата на РМ,капитални трансфери, трансфери од буџети и соодветни министерства, согласно програмите усвоени од Влададата,потенцирајќи дека тука спаѓаат приходите од ДДВ и дотациите кои се фиксни и наменети за образованието,социјала и култура.Од донациите, вградени се оние на училиштата,општината и градинката – изјави  Ирена Илиевска, раководител на Сектор за финансии и буџет.

 

Наспроти ова , советниците од опозицијата сметаат дека буџетот  е преамбициозен и реално неостварлив поради што во септември наредната година сигурно ќе се прави ребаланс. Дел од советниците со забелешка дека секоја година се скратува од капиталните расходи.

Според Илиевска, приходите се распоредени на расходната страна за утврдени намени,поделени на капитални и на тековни трошоци и за тековната резерва.

Во буџетот издвоени се средства и за социјалните категории кои и наредната година ќе користат субвенции за комуналии,вода и ѓубрарина,превоз на стечајци и други категории граѓани. Надлежните се надеваат дека наредната година ќе ја исполнат приходната страна, за да може да ја реализираат  и расходната страна.

 

 

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)