Усвоен законот за стечајци

На вчерашната седница на Владата на Република Македонија беше усвоен Предлог – Законот за материјално обезбедување на невработени лица поради приватизација на претпријатија со доминантна сопственост на државата, во јавноста познат како ,,Закон за стечајци’’.

Предлог – законот предвидува да се опфатат невработени лица на кои им престанал работниот однос во претпријатија со доминантна сопственост на државата по 1 јануари 1995 година, а заклучно со 31 декември 2016 година. Невработено лице може да се стекне со правото доколку  било најмалку 15 години во работен однос во претпријатија со доминантна државна сопственост, утврден со М1/М2 обрасци; лице на кое му престанал работниот однос во претпријатие со доминантна сопственост на државата, по основ на стечај, ликвидација или технолошки вишок;

Правото може да го ужива и лицето кое на денот на влегувањето во сила на овој закон е на   возраст од  најмалку 52 години за жени односно 55 години за мажите;  работниот однос му престанал заклучно со 31 декември 2016 година; лице кое остварило право на паричен надоместок по 1 јануари 1995  година    и  кое по остварувањето на правото на паричен надоместок не било вработено на неопределено време, односно работниот однос не му престанал по негова волја и вина.

Со ова законско решение се дава можност за материјално обезбедување на поголем број стечајни работници. Според проценките на Министерството за труд и социјална политика, ќе бидат опфатени околу 3000 лица, кои ќе добиваат 7.596 денари месечно, за што се обезбедени средства во Буџетот на Република Македонија.

Дел од одредбите од постојниот закон, со коишто се уредува ова прашање, ја завршија својата функција и немаат правна сила, велат од ресорното министерство.

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)