Усвоен извештајот за извршување на буџетот за вториот квартал

Советниците од Советот на Општина Куманово денеска го усвоија извештајот за извршување на буџетот на Општина Куманово за вториот квартал за 2015 година. Ирена Илиевска, раководител на општинското финансиско одделение истакна дека за овој период реализација на буџетот од 1.600.000.000 денари,  изнесува 40 проценти, или 280 милиони денари. Вклучувајќи ги тука приходи на основен буџет, донации и дотации на самофинансирачки активности, додека реализација на расходната страна е 36 проценти или околу 240 милиони денари.

-Се реализирани и тековни капитални расходи од тековните најмногу за функциорање на самите јавни претпријатија почнувајќи од Водовод и Чистото преку нивните програми, субвенции за стечајци како и за Куманово Паркинг одржување на осветлување на градот, додека за капиталните влегуваат изградба и реконструкција на улиците, одржување на улиците кое гледате во најголем ек се работи во градот, изградба на затворениот базен како и изградба на дел и реконструкции на училишта и спортски сали-наведе таа.

Советниците од опозицијата во Советот, од коализацијата „За подобра Македонија“ гласаа воздржано во однос на донесување на овој извештај, бидејќи сметаат дека голем дел од буџетот се пренасочува за изградба на затворениот пливачни базен, а градот има потреба од многу поважни проекти.

-Ние можеме да кажеме дека и во буџетот на куманово нема ништо ново, значи и понатаму не се остварува и понатаму процентот на реализација на планираните се движат од 0 до 20-30 проценти па дури и тука се прави некоја селекција се дава приоритет на некои делови од буџетот кои што барем така мислат дека ќе донесат политички поени а некои прашања што се од интерес на граѓаните се запоставуваат-наведе Драган Петковски.

Инаку на денешната седница беше усвоена и одлука за проширување на буџетот на Општина Куманово, за средства од 558.000 денари, кои се добиени од УНДП. Средствата ќе бидат искористени за образование, поточно спортски активности на деца од ромска националност како и за деца со интелектуална попреченост. Овој проект е планирано да трае во наредните шест месеци.

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)