Успешен концерт на „Срма“

Стотина играорци од четири фолклорни ансамбли вчеравечер беа дел од концертот што го организираше д Срма од Куманово , во пресрет на пет века постоење на градот и 75 години од неговото ослободување. Концертот се одржа во националната установа Центар за култура „Трајко Прокопиев“ , на кој освен членовите на детско -младинскиот фолклорен ансамбл Срма, настапија и културно уметничкото друштво Гоце Делчев од Шведска, и ансамблите „Васо Пелагиќ“  и „Бољаниќ“ од Република Српска.

„Традицијата е нешто што се создава со децении и векови и токму Куманово го краси еден таков амбиент“, рече синоќа градоначалникот Максим Димитриевски.

-Едно големо изобилие на КУД кои шти пропаѓаат на сите наши етнички заедници кои што живеат во нашиот град и ние сме горди на тоа. Горди сме на сето она што нашите играорки , играорци и културни дејци го прават за Куманово да се чувствува тоа што е, Македонија во мало и Балкан во мало. Посакувам уште многу вакви концерти и секако сите ние кумановци заедно со нашите пријатели да уживаме во нив, рече Максим Димитриевски, градоначалник на Куманово 

-Убаво е да се види ваква полна сала навистина. Ние ќе продолжиме во иднина да ја поддржуваме оваа фолклорна група , изјави Сашо Тодоровски, директор на НУ Центар за култура „Трајко Прокопиев“

Претседателот на Срма, Марјан Бошковски јавно се заблагодари на семејствата кои што им овозможиле престој на играорците од странство во нивните домови.

-Голема благодарност за оваа масовна посета. Да ги поздравам и родителите без кои немаше да се реализира овој концерт, вечерва преку шеесет дечиња се сместени во семејства во Куманово. Благодарност и до директорот на центарот за култура за подршката. Ние работиме во склоп на центарот за култура како матична форма, рече Марјан Бошковски, претседател на ДМФА „Срма“ Куманово

„Срма“  е повеќечлен ансамбл кој го презентира македонскиот фолклор на републички и на интернационални манифестации, како и на фолклорни фестивали.

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)