Успешна година за Друштвото на писатели Куманово

Триесетина активности реализираше Друштвото на писатели од Куманово изминатата година, заради што 2019-тата надлежните ја оценуваат како успешна година. Согласно програмата за работа, членовите на друштвото на писатели ги чествуваат сите празници, соработуваат со основните и средните училишта преку распишување на конкурс секоја година во септември, а се организира и заедничка литератирна средба со наградените уечници, вели претседателката на друштвото, Божана Трајковска.

– Соработуваме со Сојузот на писателски асоцијации од десет до единаесет градови на тој начин што тие ни гостуваат нам на Кокино на Бдеење на кокински мугри,  меѓународен поетски митинг , а ние пак по нивни поводи кои што ги организираат, така е со Велес, Охрид, Прилеп, со Битола, исто така наши членови добиваат награди, учествуваме на разни конкурси што се распишуваат. Соработуваме и со Нови Сад, со Софија , со бугарските журналисти, со Ниш и тие се гости на Кокино секоја година. Оваа година воспоставивме врска со здружението на писатели од Нови Сад, а и бараат наши творби да бидат застапени во нивните изданија, изјави Божана Трајковска, Друштво на писатели Куманово

Друштвото на писатели од Куманово еднаш месечно одржува состанок со своите членови кои што се различна возраст, од 16 години па нагоре, посочува Трајковска.

-Особено децата што се истакнале на нашите конкурси имаат издадено свои творби, свои книги, прифатени се, што е многу успешно и нашата цел ќе биде и понатаму да ги активираме како и досега и се повеќе квалитетни творби даваат учениците, тоа е и нашата цел. Меѓутоа сакам и да нагласам дека било кој има желба, има афинитет за пишување, слободно нека дојде да членува во друштвото заради тоа што секако дека ќе се чувствува пријатно во активностите што ги имаме и соработката со другите асоцијации, изјави Божана Трајковска, Друштво на писатели Куманово

Друштвото на писатели од Куманово секогаш е отворено за нови членови, но и за нови активности, потенцира Трајковска.

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)