Успешна година за Здружението на планинари „Козјак 2013“

Здружението на планинари „Козјак 2013“ синоќа одржа завршно собрание на кое беа презентирани резултатите од спроведените активности во 2018-та, а беа доделени и признанија на најуспешните. Признанието за најуспешен планинар му припадна на Горан Гелевски, кој со планинарство се занимава активно само една година, но откако почнал да планинари секој викенд е на различна локација.

– Планината ме привлекува, сакам да им кажам и на другите млади ќе имаат многу бенефит од планината, само да почнат да планинарат и ќе ја почувствуваат магијата што ја пружа планината.Се искачив на Маљовица од повисоките врвови, Кораб, 32 километри на Голема враца, Титов врв, сите ми се драги не значи ако е висока турата дека е премногу добра и ако е не е висока дека е добра, секоја тура си е добра на свој начин и е омилена-нагласи тој.


За најуспешна планинарка е прогласена Бети Жежова, која осум години активно се занимава со планинарење.

-Оваа година ги имав искачено сите највисоки врвови во Македонија, Кораб, Титов врв, Осоговските планини, сите се над 2000-2.500 метри надморска височина. Апелирам до сите и помлади и повозрани да излезат првин од помали надморски височини па кон поголмите да пробаат да видат, да се активираат и слободното време да го поминуваат на планините. Не само што е добро за физичкото здравје, активност, влијае и врз психофизичката подготвеност на еден човек и убаво е, самите ќе видат-истакна таа.

Претседателот на Здружението на планинари Козјак 2013-та, Бобан Стефановски истакна дека 2018-та била успешна година, исполнета со бројни активности, планинарски тури. Посочи дека особено го радува што младите покажуваат интерес за планината и постојано се зголемува членството.

-Имаме одлична соработка со црвениот крст тие ни држат обуки за прва помош, исто така правиме крводарителски акции годинава имавме две успешни, соработуваме со други институции исто така клубови, активни сме на многу полиња, организираме клубски активности како што се обуки за наши членови, нови, почетници, рекреативци, луѓе што прв пат доаѓаат во допир со планината исто така имаме доста активности до деца од основно образование, годинава имавме четири успешни тури со  деца кои беа седмо осмо одделение и сите се задоволни не радува фактот што помлади деца прашуваат и сакаат да одат на планина-нагласи тој.

Нагласи дека 2019-та им е планирана за освојување на врвови над 4.000 метри надморска височина, но и за организација на меѓународни тури. Инаку Здружението на планинари Козјак 2013-та на синоќешното завршно собрание додели признанија и на соработници, меѓу кои и на телевизија Плус.

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)