Успешна година за Мултимедиа -нет и Телекабел

Необврзувачкиот договор и најниските цени што ги нуди мобилниот оператор на Телекабел и Мултимедиа- нет со префикс 074 ги дадоа своите резултати. Поради големиот број на потпишани договори и се поголемиот интерес од граѓаните за новиот мобилен оператор, од компанијата, изминатата година ја оценуваат за успешна, за кратко време реализирани се  предвидените планови и очекувања на пазарот.

-2019-та година беше доста успешна, имавме многу заинтересирани граѓани и продадовме многу бројчиња.  Засега во Куманово ги нудиме најисплатливите и најдобрите опции кои што ги нудат мобилните оператори. Во понудата од 300 денари имаме 200 минута разговори, еден GB интернет и секоја смс порака се доплаќа три денари. Во понудата од 500 денари имаме 10 GB интернет, неограничени разговори и секоја смс порака исто така се доплаќа три денари и во понудата од 1500 денари се е неограничено, изјави Мартина Додевска, вработена во салон на Мултимедиа – нет и Телекабел

Ако од било кои причини корисникот сака да го прекине договорот, потребно е само да достави барање за раскинување на договорот и телефонот ќе биде исклучен без притоа да се плаќаат пенали или други надоместоци како казна за раскинувањето. Инаку, салонот на Мултимедиа- нет во партнерство со Телекабел е отворен во јуни минатата година. Лоциран е на улица „Народна револуција“.

-Ги повикуваме сите заинтересирани наши сограѓани кои се навистина заинтересирани за нашите понуди да не посетат во нашиот новоотворен салон спроти центарот за култура, во поранешната слаткарница, изјави Додевска.

За подетални информации граѓаните можат да се јават на мобилните телефони на Телекабел и Мултимедиа -нет, 074  200 055 и 074 200 555.

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)